1917: Шериф Сулјеман

Шериф Сулјеман

Шериф Сулјеман бил арнаут од прилепско. Раководел со своја вооружена група која често извршувала терористички задачи по наредба на Македонската револуционерна организација.
Шериф Сулјеман со својата група одржувал соработка со војводата Петар Ацев. Поради своите врски со организацијата е уапсен од турските власти и осуден на тешка робија во подрум Кале во Бодрум, Мала Азија.
Ослободен во 1908 година за време на Хуриетот.
Се претпоставува дека на 29 јули 1910 година Шериф Сулјеман на патот од Прилеп за Небрегово, го убива србоманскиот војвода Григор Соколов, како одмазда за убиството на војводата Ѓорѓи Ацев.
Во Првата светска војна со вооружена група е активен во Прилепско.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc