Параскева Петровска

Параскева Војнеска Ковачевиќ

Параскева (Пара) Војнеска Ковачевиќ е родена во Никодин.

Уште од првите денови на окупацијата активно се вклучила во народноослободителното движење. Во 1941 година во нејзината куќа илегално бил отпечатен првиот број на весникот „Народен глас“, кој за време на бугарската окупација непрекинато излегувал на секои 2-3 дена со тираж од 200 до 300 весници.

Пара, заедно со Ценка и Зоре Крстески, на машина го пишувале претходно на рака пишуваниот материјал преземен од радио емисиите на Слободна Југославија, Москва, Тбилиси и Лондон, а размножувањето го работел Илија Беличанец. Во текот на 1943 година, како активист на КПМ, дејствувала во Никодин.

Поради своите залагања во НОБ носител е на партизанска споменица од 1941 година, како и на бројни признанија и одликувања.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc