Љубица Аџимитреска - Бубе

Љубица Аџимитреска – Бубе

Љубица Аџимитреска – Бубе е родена во Прилеп.
Уште како младинка пристапува во СКОЈ.
За време на окупацијата како член на покраинскиот комитет на СКОЈ неколку пати е приведувана од бугарските власти, но поради недоволно докази против неа набрзо е пуштана.

Во август 1944 година е интернирана во Асеновград (Бугарија).
По враќањето од интернација повторно стапува во контакт со Благоја Талески – Иван, враќајќи се на старата должност – организирање на младината од Прилеп и Крушево.
На 20 септември 1944 година со група сограѓани заминува како борец во слободната територија во Горно Врановци.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc