Круме Ицков Волнароски

Круме Ицков Волнароски

Круме Ицков Волнароски (Коле, Коља) е роден 1909 година во Прилеп.

Како симпатизер на КПЈ, активно учествувал во собирањето Црвена помош. Станал член на КПЈ во 1941 година и работел во Партиската техника на МК на КПЈ во Прилеп, а како илегалец во 1942 и 1943 година во прилепските села собирал народна помош и формирал воени комитети и НОО.

Кон крајот на февруари 1942 година по претходна провала на Трајко Пајмакот на еден пододбор на Народна помош се уапсени Димче Конески – Дограмаџијата, Блаже Секулоски, Киро Мерипушка, Васе Крстеска и др.
Бугарската полиција, немајќи комплетни податоци за идентификација, наместо да го уапси Трајко Јусуфо исто така шнајдер, по грешка го апси Трајко Конески.
Додека се во притвор другите притворени му посочуваат на Трајко дека е уапсен по грешка но за тоа не смее да им каже на бугарските власти.
Трајко Конески за време на притворот е подложен на сослушување и тепање со цел да извлечат признание од него, но Трајко не открил ништо.
Поради апсењето на групата од Димче Конески – Дограмаџијата, за да избегне апсење, Круме Волнароски станува илегален.

Како секретар на ОК на КПМ, во периодот на 1943/1944 година, учествувал во активностите за избор на делегати за Првото заседание на АСНОМ.

Заедно со соборецот Кире Гаврилоски-Јане биле откриени и куќата каде што престојувале била опколена од околу 100 бугарски полицајци. И покрај ултиматумот од бугарската полиција шестпати, ја одбиле понудата за предавање. При престрелката која настапила потоа, успеале да убијат еден и да ранат двајца бугарски полицајци. Бугарската полиција успеала да ја запали куќата во која што биле Круме и Кире. За да не паднат живи во непријателските раце, се решиле на саможртва.

Прогласен е за народен херој на Југославија на 11 октомври 1953 година.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc