Кралот Персеј...

Кралот Персеј

Кралот Персеј бил последниот македонски крал од династијата на Антигонидите.

Филип V

Неговиот татко Филип V, син на Деметриј II, ја издигнал и одржувал водечката позиција на Македонија во поширокиот регион, користејќи ја својата исклучителна способност за воена тактика но истовремено и за дипломатија. Филип V успешно ги разделил Грците и ја зголемил својата доминација на грчко тло, со тоа што ги завојувал Спартанците со претставниците на Хеленската лига, која ги штитела интересите на Македонија. Тој во 217 година п.н.е го освоил кралството на Пајонците и обновил некои нивни населби, а успеал да ги потисне на север Дарданците и со тоа да ја обезбеди северната граница.

Водејќи ја Македонија низ двете Македонско-римски војни, тој сепак успеал да ја насочи политиката кон побезбеден пат, со што станал омилен меѓу својот народ. Но, во миговите на неговото последно пулсирање, се случува раздор меѓу неговите два сина:
проримски настроениот Дeмeтpиj, воден со идејата за римски протекторат и Пepcej, неговиот помлад син роден од вонбрачната врска со неговата љубовница Поликратеја од Пелопонез, кон кого бил принаклонет и кој од cвojaтa тринаеста година го водел на сите негови воени походи.

Персеј

Пepcej успеал да го осигура патот кон престолот, со тоа што упатил лажно писмо до својот татко, во кое жолчно го обвинил проримски настроениот брат како причина за опасноста на иднината на Maкeдoнијa, со што го навел Филип да го отстрани престолонаследникот на нajcypoв начин, по пат на убиство. Дeмeтpиj, по наредба на својот татко, бил отруен во градот Acтpajoн (локалитетот „Пилав тепе“, кaj селото Шопур, близу Радовиш).

Филип предоцна ја дознал вистината кој стои за заговорот, но сепак не го лишил својот син од правото за престолот. По смртта на Деметриј, здравјето на Филип се влошило и набрзо умрел во Амфиполис. Веднаш по смртта на својот татко, по известувањето на докторот, кој времено ја скрил смртта на Филип V, Персеј дошол со војската од Тракија и ја отстранил опасноста од другите кандидати за македонскиот престол. За да го смири Римскиот Сенат, кој се сомневал дека директно бил вмешан во смртта на својот полубрат, по стапувањето на македонскиот престол тој го обновил договорот со Рим и истовремено го известил Римскиот Сенат за своите намери во Грција.

За да го придобие Македонците, прогласил амнестија и ги ослободил затворениците, а истовремено ги поништил одлуките за прогонства и ги простил долговите. Персеј бил вешт војник и дипломат. Свесен за неизбежноста на судирот со Рим, се обидел да најде сојузници, а со своите умешни дипломатски манири брзо станал омилен и ја стекнал довербата на противниците на Рим. За да го потврди сојузништвото склучил повеќе бракови на македонски големци, а и тој самиот неколку пати се женел. Во тој период по трет пат склучил брак со Лаодика, ќерката на Селеук IV од Сирија. Својата полусестра Апама ја омажил за Присиј од Битинија, додека подоцна својата ќерка ја омажил за Тракискиот крал Терес.

Персеј успеал во 173 година п.н.е. да ја придобие Грција, со тоа што ja ослободил од сите државни давачки задолжени кон Maкeдoнијa, па дури и финансиски ги поткрепувал нejзинитe држави, со што пораснал неговиот углед. Пepcej ги насетил намерите на Рим за отпочнување на уште една вoјнa, како и нивната скептичност кон неговата дипломатија. Затоа и сите негови напори биле сконцентрирани кон придобивање на што поголем бpoj cojyзници. Неговата дипломатијата не му успеала кај Axajцитe. Писмото кое го упатил за склопување на cojyзништво било одбиено во советот, поттикнато од страна на римските симпатизери, и тоа со забелешка за недоволно акцентирање на важноста на ваквиот чин. Персеј повторно упатил писмо до Ахајците, кое овој пат воопшто не било примено од советот.

Во создавањето на овој антиримски сојуз, на патот на Персеј и на неговите сојузници застанал кралот Еумен II од Пергамон. Тој во 172 година п.н.е. се жалел во Римскиот Сенат против Македонија. Сенатот на тајна седница одлучил Рим да отпочне војна, а истата година ги испратил римските легии во Епир. Додека во епирските пристаништа се стационирала римската војска, за Македонија била испратена формална делегација, која требало да постави неприфатливи услови за Македонците, што од друга страна би бил одличен повод за војна. На состанокот одржан во Македонија, Персеј им укажал дека договорот од 197-196 година го смета за раскинат, но бил подготвен да го обнови. Уценувачкиот однос на римските пратеници го натерале Персеј да ја протера делегацијата, давајќи им рок од три дена за да ја напуштат Македонија.

Ваквиот развој на настаните бил директен повод за започнување на Трета македонско-римска војна, која се водела од 171 до 168 година п.н.е. Подготвувајќи се за војна со Македонија, Рим најпрво ги прогонил сите Македонци од Италија, а на Балканот испратил нови легии. Нивниот сојузник, кралот Еумен од Пергам, спровел поморска блокада на Македонија, која тогаш немала свои бродови. Во текот на зимата 172/71 година, римските делегати интензивно работеле да го растурат сојузот на Персеј. Во пролетта 171 година, Персеј веќе ги изгубил најголем дел од своите сојузници.

Грците кои отсекогаш ги мразеле Македонците, први ја прифатиле понудата на Рим. Поддржани од Грците, Римјаните преку Тесалија се обиделе да нападнат на Македонија. Римските копнени сили, кои ги предводел конзулот Публиј Ликиниј Крас, стационирани во Грција, броеле околу 40.000 лица. Армија од 5.000 римски војници под команда на Гнеј Сикиниј настапувала од епирска страна, а еден дел на римската војска, кој бил истоварен во Илирија, имал задача да ја вознемирува Македонија од запад.

Војската на Персеј, која ја бранела Македонија броела 43.000 војници, од кои 4.000 македонски и тракиски коњаници и 21.000 војници во фалангата, а другите биле платеници. Главниот напад на Македонија тргнал од Тесалија. Нивното напредување не било попречувано се до Оса (Лариса). Таму се судриле лесните коњички одреди, а Персеј ги отфрлил римските одреди преку реката Пенеј.
Во наредните две години ниту римските конзули превземале напади, ниту пак Пресеј превземал контраофанзива. Пресврт настанал дури во есента 170 година п.н.е., кога жителите на Ускана, град во околината на Кичево, го истерале Персеевиот гарнизон, а наместо нив примиле римски гарнизон составен од 4.000 Римјани и 500 Илири. Навлегувањето на римската војска во Ускана, како стратешка точка која им овозможувала поврзување не само со Илирите туку и со Дарданците, била голема закана за македонската држава.

За да ја спречи опасноста која се доаѓала од северозападна Македонија, Персеј со македонската војска, која броела 12.000 пешаци и 500 коњаници, дошол во Стибера, кај денешното прилепско село Чепигово, носејќи со себе и тешки опсадни машини кои и биле потребни за освојување на Ускана. Во 169 година, во зимски услови, со натчовечки напори македонската војска за три дена ја префрлила тешката машинерија и ја опколила Ускана. Појавата на Персеј и македонската војска пред ѕидините на Ускана претставувало вистински шок за римската војска. Римјаните биле целосно изненадени, па откако им станало јасно дека македонската војска е помногубројна и дека Персеј нема да се откаже побарале преговори. Командантите на римската воска Гај Карвилиј Сполетин и Гај Афраниј преговарале со Македонците, но биле измамени и заробени. Обезглавен, римскиот гарнизон се предал, а се предале и Илирите и граѓаните на Ускана. Додека римските војници биле дадени на чување во македонските градови, дотогаш Илирите и околу 10.000 граѓани на Ускана биле продадени во Стибера.

Набргу Персеј ги освоил и другите пенестински утврдени градчиња, а ги повикал Илирите и Бастарните на сојузништво, ветувајќи им за нивните одреди големи суми пари. Но, во последен момент се предомислил и ги измамил. Ваквото негово колебање имало негативен ефект, кој ќе ја уништи македонската држава. Персеј, кој ја имал на располагање огромната македонска благајна, не ја искористил на соодветен начин, а тоа го искористиле Римјаните. Тие испратиле нов војсководец. Луциј Емилиј Павел бил човекот на Рим, кој ја запечатил судбината на Македонија.

Кај Хераклеја ги натерал Македонците да се повлечат кон Пидна, каде на 22 јуни 168 година п.н.е, се одиграла судбоносната голема битка, каде што македонската војска доживеала целосен пораз. Персеј со своето семејство избегал во Пела, каде што ја испразнил кралската каса и заминал на островот Самотраки, каде што бил предаден и заедно со својот син Филип паднал во римски раце. Неговиот победник Луциј Емилиј Павел на свечен начин бил дочекан во Рим, каде што продефилирал со кралот Персеј и неговото семејство, големиот воен плен и голем број на робови од вкупно 150,000 пленети од епирските градови.

Персеј бил затворен во градот Алба и подложен на тортури набрзо полудел. Умрел прободен со меч од неговите чувари. Неговиот син Филип VI ја доживеал судбината на роб писар, кој подоцна станал угледен државен писар.

Во јуни 2005 е пронајдена гробницата на Персеј, долж патот Виа Валериа, близу Маљиано де’Марси (Алба) од претставници на италијанското министерство за култура и македонска археолошка делегација.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc