Киро Базеркоски - Коробов

Киро Базеркоски – Коробов

Киро Базеркоски – Коробов е роден 1924 година во Прилеп
На 11 октомври 1941 година заедно со својот брат Стеван Базеркоски – Лански учествувал во формирањето на првиот партизански одред на месноста Црвени стени.
Тој заедно со Крсте Црвенкоски, Мице Димески, Коле Чашуле и Киро Ќососки е во состав на групата задолжена за оштетување на телефонските мрежи во градот за време на нападот на полициската станица.
По извршениот атентат на предавникот Трајко Гулабот на 13 октомври Борко Темелкоски им издава наредба на Киро Базеркоски и Пецо Стојаноски да го убијат предавникот Коце Ќурчија.
За таа цел на Киро му е доделен стар турски револвер кој ако не се држел во одредена позиција бил неупотреблив а на Пецо му е доделен нов револвер Нагант и една бомба…
Наредбата е извршена на 16 октомври во 17.30 часот при што Пецо Стојаноски стрелал во Коце Ќурчија но атентатот бил неуспешен бидејќи Коце бил само полесно ранет.
Веднаш потоа се приклучува кон партизаните стационирани на Мукос а на 17 октомври 1941 година учествувал во формирањето на Првиот прилепски партизански одред „Гоце Делчев“.
На 25 ноември 1941 година во судскиот процес на воениот суд во Битола, во отсуство бил осуден на 7 години и 6 месеци строг темничен затвор за организирање на вооружен напад на 11 октомври 1941 година.

Со формирањето на одредот „Димитар Влахов“ Киро Базеркоски е во состав на првата чета.
Во 1942 година со свои белешки учествува во печатењето на весникот „Народен Глас“
Киро Базеркоски – Коробов починал во 1981 година.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc