Гојко Секулоски...

Гојко Секулоски

Гојко Секулоски е роден 1925 година во Прилеп, како осмо дете во семејството на Секуле и Ташка.
Пристапува во редовите на СКОЈ уште како гимназијалец.
По октомвриското востание на 17 октомври 1941 година учествувал во формирањето на Првиот прилепски партизански одред „Гоце Делчев“.
Поради неговата активност го свртил вниманието на бугарската полиција и утрото на 9 февруари 1942 година е уапсен во куќата на Менде Бошкоски каде што престојувал два дена.
Гојко Секулоски од бугарскиот воен суд е осуден на 8 години строг темничен затвор.
Затворската казна ја одлежувал во Варна, се до капитулирањето на фашистичка Бугарија.
По војната е назначен за амбасадор на СФРЈугославија во Австралија.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc