Џовани Паси сликан со своите соборци...

Џовани Паси

Џовани Паси е роден во 1922 година во италијанското гратче Читадукале, провинцијата Риети, регион Лацио.
По капитулацијата на фашистичка Италија, Џовани се приклучил во редовите на баталјонот „Мирче Ацев“. Како борец во третата чета под команда на Манчу Матак учествува во борбите кај Кичево, Кленоец, Мраморец и Подвис.

На 14 мај 1944 година во околината на Долни Дисан, Неготинско во борбите против бугарската војска, во обид да му помогне на соборецот и другар Ицко Василески – Ристе, Џовани покосен од непријателски куршуми, паѓа мртов. Во овие борби загинуваат и борците Ѓоре Коочот и Атанас Таначе.
Бугарските фашисти под закана со стрелање им забрануваат на селаните да ги погребаат телата на загинатите партизани. Телата остануваат непогребани до второто ослободување на Прилеп во ноември истата година, кога Коста Василески, таткото на Ицко и сестрата на Таначе во вреќи ги собираат коските на своите блиски. Коста ги погребува коските на Ицко и Џовани во заедничка гробница.
По ослободувањето останките од Ицко Василески и Џовани Паси се пренесени во Могилата на непобедените, во Паркот на Револуцијата.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc