1906: Баба Стојна со синовите Атанас и Кочо

Стојна Димова – Бафчанка

Стојна Димова – Бафчанка (Баба Стојна комитката) е родена 1845 година во Прилеп.
Таа е мајка на учителите-револуционери Атанас Иванов, Кочо Иванов и Марија Иванова. Таа е била пример на смел, присебен и нај доверлив човек на комитетот, во чија куќа се криеле голем број на револуционери, оружје и доверливи материјали од Организацијата.

Во семејната куќа била сместена редакцијата и печатницата на нелегалниот весник „Шило“. Таа со својот сопруг Иван Димов лекувале болни и ранети четници, а во 1901 година тука се криел и Гоце Делчев кој поминувал низ Прилеп за време на средбата со уапсениот Даме Груев во Битола.

Свештеникот Јордан Ангелов, редактор на вестникот „Шило“ и член на прилепското раководно тело, за Стојна Бафчанка напишал:

„Во нејзината куќа се донесуваа судбоносни решенија, курири се среќаваа, болни четници се лекуваа и војводи се криеја. Мајка Стојна беше клучот на организацијата за Прилеп и Прилепско. Кај неа во куќата имаше ископано подземно засолниште.
Но таа секогаш плачеше, кога требаше да сокрие во мрачната јама жива револуционерна душа. Таа знаеше, дека нејзиното срце и незините очи са по добро засолниште од какво и да е подземје“.

Кај неа дома, на раце и умира младиот четник Димитар Робев, од Битола, кој заболил од менингит като четник – секретар во прилепската околиска чета.
Димитар долго боледувал, но и покрај мајчинските грижи на Стојна и тајно виканите лекари, не можел да биде спасен.
Во желбата да го спаси болниот четник се решила на ризик и го повикала најдобриот турски лекар во градот по име Казим.
Иако го преставила Димитар како свој внук кој си дошол од Романија, на лекарот веднаш му станало јасно дека се работи за нелегален и и рекол на Баба Стојна:

„Макар и да е комита, лекарската заклетва ми налага да му помогнам и нема да ве предадам, но за жал, момчето е безнадеждно болно и наскоро ќе умре“.

И набрзо Димитар Робев починал а баба Стојна го оплакала като свој син наместо мајка му, го пресоблекла и со помош на доверливи луѓе од Прилеп, тајно го погребала во гробот на загинатиот револуционер Никола Каранџулов во Селце.

Баба Стојна Бафчанка починала 1927 година во Софија.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc