Црквата „Свето Благовештение“ во Steeltown, Pennsylvania.

Црква „Свето Благовештение“, Steelton, Pennsylvania

Црква „Свето Благовештение“, Steelton, Pennsylvania

Основачите и организаторите, како и иницијативниот одбор за градба на оваа црква, се прилепските иселеници во ова индустриско место во САД. Оваа е првата црква изградена од македонски печалбари (Прилепчани) на Американскиот континент. Камен-темелникот е осветен од монахот Теофилакт. На сликата од денот на осветувањето е и бискупот Дарлингтон, од Епископалната протестантска заедница во Steelton, Pennsylvania.

На сликата со децата ученици од Steelton, Pennsylvania, речиси сите родум од Прилеп, чии родители заминале на печалба во туѓина, сликани пред училишната зграда, во учебната 1927/28 година, сликан е и учителот и парохиски свештеник Давид Наков.

Во месец август 1938 година, Македонските иселеници во Steelton, Pennsylvania, како припадници на Македонската патриотска организација (МПО) „Прилеп“, извршиле панихида во чест на паднатите Илинденци. На сликата се сликани со началникот на Бугарската црковна мисија во САД, протопрезвитер Крсто Ценов.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc