Pseudochazara cingovskii (Чингова окатка) е ендемски примерок на пеперутка, која ја има само на Плетвар и на ниедно друго место во светот. Таа го носи името по д-р Јонче Чинговски, кој прв ја опишал во 1973 година.
Овие пеперутки се светлосиво обоени, со што успешно се прикриваат од предаторите на исто така сивите камења, кои се одличен пример за камуфлажа.
Како адултна единка – пеперутка, лета од крајот на јули и почеток на август, кога и се размножува и полага јајца, но сеуште не е потврдено во која форма ја минува зимата. Пределот кој го населува е сув, со каменита, варовничка подлога, која е прекриена со ретка вегетација на надморска височина од 1000 до 1200 метри на површина не поголема од 1,5 km2, со популација помала од 10000 примероци во најлошите години, но е со зголемен тренд на опаѓање поради загадувањето и експлоатацијата на камен во реонот. Потврда за тоа е дека големината на популацијата во изминативе години е намалена за 30%.
Коментирај