2009: Podarcis tauricus (Степска гуштерица) сликана во околината на Трескавец

Podarcis tauricus (Степска гуштерица, Кримски гуштер)

Podarcis tauricus (Степска гуштерица, Кримски гуштер) е Балкански ендемичен вид и се среќава на териториите на: Македонија, Бугарија, Унгарија, Романија (по течението на Дунав), Молдавија, Јужна Украина, Крим и островите на Егејско и Јонско море.

Таа најчесто може да се забележи на суви зарамнети терени, делумно покриени со трева. Како засолниште ги користи дупките во земја, грмушките, а понекогаш се крие и под камења. Во Македонија, видот доминира во низините и ридските подрачја, на суви тревести екосистеми.

Возрасна единка достигнува должина од 20-24 сантиметри. Се храни исклучиво со инсекти. Од крајот на јуни до средината на јули неси од 2 до 6 јаца со големина од 9-15 милиметри, од кои излегуваат малечките по два месеца.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc