2012: Џитка сликана во Мариово

Platyceps najadum (Стрелец, џитка)

Змијата Џитка (Platyceps najadum, порано Coluber najadum), (Позната е и под имињата: Тенок стрелец, Стрелец, Престрелог, Стрелушка), распространета е на северозапад на Балканскиот полуостров, Јужен Туркменистан на исток и Сирија и Ирак на југозапад.
На Балканскиот полуостров Џитката е распространета во западниот и јужниот дел.
Достигнува должина до 1,5 метар. Не е отровна, и не гризнува силно кога е исплашена. По теренот се движи исклучително брзо а често може да се сретне по гранките од грмушките и дрвјата.
Џитката живее на карпест терен каде што има ниски дрвја и грмушки. Активна е преку денот, кага ползи и се качува по карпите, дрвата и грмушките. Основна храна и се гуштерите а многу поретко инсекти и глувци. Во почетокот на летото женките снесуваат 4 до 12 долгнавести јајца со големина од 44 мм. Малите излегуваат кон крајот на август и почетокот на септември.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc