Влезот на пештерата...

Пештерата „Света врата“

„Света врата“ е мала пештера која се наоѓа на ридот Стена кај месноста Дервен, наспроти манастирот во чест на Свети Георгиј кај селото Присад.

Тоа, всушност, е мала пештера во која, во дамнешно време, во различни интервали, во неа живеле монаси испосници. Бидејќи во неа се одвивал религиозен, испоснички и мистичен живот, селаните оваа пештера ја сметале за свето место. Денес влезот е скриен од обраснатата шума, а пештерата е преполна со наноси од земја.

Горан Василески

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc