Јуни 2014: Leptophyes albovittata сликан во околината на Трескавец

Leptophyes albovittata

Leptophyes albovittata припаѓа на врстата инсекти (Ensifera) од родот скакулци (Tettigonioidea), од семејството на ливадски скакулци (Tettigoniidae), ред на правокрилци (Phaneropterinae), класа на лажни штурци (Leptophyes), вид на шарен ливадски скакулец. Leptophyes albovittata спаѓа во класата на средно загрозени инсекти.

Се хранат исклучиво со разни видови на растенија, следејќи ја шемата на нивното вегетирање. Често можат да се видат како се хранат на цветовите од магарешкиот трн и паламидата.

Leptophyes albovittata се населува на суви места на кои доминираат повисоки едногодишни растителни заедници и грмушки со среден раст. Единките созреваат од крајот на јуни до октомври. Тие обично се помалку активни и преку целиот ден се на повисоки едногодишни растенија, чии лисја се буквално изедени.

Шарениот ливадски скакулец е загрозен од постојаното уништување на неговите живеалишта, односно ширењето на земјоделските површини и пожарите во летниот период. Се сретнува во Западна Азија, Балканскиот полуостров, Полска, Баварија и Швајцарија.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc