2009: Возрасна единка на Heliothis incarnata сликана во околината на Присад

Ноќен молец (Heliothis Incarnata)

Heliothis Incarnata ноќниот молец, или како што ја викаат кај нас, ноќната пеперутка, е врста на молец кој припаѓа на фамилијата на ноќни пеперутки (Noctuidae) од редот на пеперутки (Lepidoptera) кои се класифицирани во подредот големи пеперутки (Macrolepidoptera).

Нивните ларви (Гасеници) се со живи бои и имаат исто така големи размери. Возрасните единки на ноќната пеперутка се активни ноќе и ги привлекува светлината навечер, од каде што и дошло името на нивната фамилија (Noctuidae).

На Балканот најчесто се сретнуваат во Србија, Романија, Бугарија, Македонија и Грција.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc