2011: Asphodeline lutea (Базерка, Базер)

Asphodeline lutea (Базерка, Базер)

Asphodeline lutea (Базерка, Базер) е повеќегодишно тревесто растение. Стеблото ме е високо помеѓу 50 и 120 сантиметри, облистено по целата должина се до цветовите.
Цветовите му се жолти со дијаметар 3 до 4 сантиметри и се собрани во збиен грозд. Цвета во периодот од април до јуни. Семето е сместено во топчести мешунки и може да се бере од јули до септември.
Се среќава по ридести површини, оскудни со вода и со бујна тревна вегетација.
Расте на целиот Балкански полуостров, Италија, Кримскиот плуостров, Кавказ, Мала Азија, Сирија и Северна Африка.
Поради својата декоративност се одгледува и како украсно растение.
Кај нас на поголемите надморски височини (Над 2000 метри) се среќава и Белата Базерка (Asphodelus albus).

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc