Alkanna pulmonaria Grisebach пронајдена во Мариово во 1887 година од германскиот ботаничар August Grisebach

Alkanna pulmonaria Grisebach

Alkanna pulmonaria Grisebach е ендемски вид кој се наоѓа на Светската црвена листа на загрозени видови (IUCN Red List of threatened species). На територијата на Македонија се развива од зоната на ридските пасишта, преку појасот на дабовите шуми, се до планинските пасишта на варовничка и силикатна подлога, од 250 до 2200 метри надморска висина.

Alkanna pulmonaria е застапена во клисурата на реката Пчиња (Катланово, Кожле, Бадер), Таорска клисура, Доброшане, Криволак, Серта, Дојран, Дреново, Козјак, Сивец, Пелистер, Галичица и Ниџе.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc