Прим. д-р. Трајче Бошкоски.

Прим. д-р. Трајче Бошкоски

Прим. д-р. Трајче Бошкоски е роден на 05.02.1943 година во Прилеп. Основно образование и Гимназија завршил во родниот град, а Медицински факултет завршил во Скопје во 1969 година. Во 1962/63 година бил учител во селото Дуње, заради обезбедување средства за сопствено школување, продолжување на студиите. Специјализирал за ортопед-трауматолог во 1977/81 година.

До специјализацијата работел како општ лекар во Дебреште, Кривогаштани и Прилеп. По специјализацијата се вработил во Градската болница во Прилеп како ортопед-трауматолог. Прим. д-р. Трајче Бошкоски е првиот лекар кој воведе ехосонографија на детски колк во Македонија. Во 1987 година, за прв пат во Прилеп извршил оперативна интервенција на р’бет со автотрансплантација на коска.

Од 2009 година, по негово барање, се ангажирал како консултант-специјалист ортопед во службата за систематски прегледи на 3 и 5 годишни деца, без никаков паричен надоместок. На оваа должност прегледал 1031 дете, сè до неговата ненадејна смрт на 15.11.2010 година.

Прим. д-р. Трајче Бошкоски е иницијатор и организатор на манифестацијата „Месец на здраво дете“ од 2005 до 2009 година.

Прим. д-р. Трајче Бошкоски беше пасиониран љубител на музиката, уметноста и пишаниот збор. Како љубител на музиката, свиреше гитара, а како љубител на уметноста, автор е на 30-тина слики во туш техника и платно.

Нема Коментари

Коментирај