Моторџии во посета на Живово.

Живово

Живово е сместено во јужниот дел на Република Македонија. Од Прилеп селото е оддалечено 55 км јужно.

Живово се наоѓа во источниот дел на високопланинската област Мариово, како еден од најзафрлените, но и етнички најчисти делови со православно словенско население на тлото на Македонија. Селото е положено на висорамнина. Северно е клисурата на Црна река. Источно од селото се издигнува планината Козјак. Надморската висина на селото е приближно 960 метри. Климата во селото е планинска заради нагласената надморска висина.

Во XIX век Живово било село в Прилепската каза, Мориовска нахија на Османлиската империја. Во „Етнографија на вилаетите Адрианопол, Монастир и Салоника“, издадена во Константинопол во 1878 година и во која е дадена статистиката на машкото население од 1873 година, Живо (Jivo) е посочено како село со 42 домаќинства и 177 жители.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија: Етнографија и статистика“) од 1900 година, Живо имало 360 жители, от които 350 христијани и 10 Роми.

Во почетокот на ХХ век населението од селото биле под управа на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на Егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Живово имало 400 егзархисти.

Според Георги Трајчев, Живоо имало 27 куќи со 230 жители христијани.

Според пописот од 2002 година, во Живово повеќе не живее никој.

Во Живово се родени македонскиот револуционер Трајко Зојката (?-1937), како и Трајко Брајанов, ренегат од ВМОРО и грчки андарт.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc