Житоше

Житоше

Житоше се наоѓа во северозападниот дел на Прилепското Поле.

Во XIX век селото било дел од Прилепската каза на Отоманската Империја. Според податоците за машкото население од 1873 година, селото било поделено на христијанско Житоше (Jitoché Christiansko) со 35 домаќинства и 153 христијани Македонци и муслиманско Житоше (Jitoché Musulmansko) со 94 домаќинства и 232 жители муслимани, 83 Македонци и 21 Ром.

Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, Горно Житоше во 1900 година ималио 66 христијани Македонци, 560 муслимани Албанци и 75 Роми, а Долно Житоше имало 102 христијани Македонци. Според податоците на бугарскиот публицист Димитар Мишев, селото во 1905 година имало 48 христијани.

Според пописот од 2002 година, во Житоше живееле 1.807 жители, од кои: 3 Македонци, 1.158 Албанци, 17 Турци, 5 Срби, 604 Бошњаци и 20 останати.

Во Житоше е роден Стерјо Велев-Самарџијата (? – 1963), македонски револуционер од ВМОРО, починат во Крушево.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc