Карта на општина Долнени.

Жабјани

Жабјани се наоѓа северозападно од градот Прилеп, помеѓу селата Ропотово, Пешталево и Сарандиново.

Во XIX век Жабјани било село во Прилепската каза на Османлиската империја. Во „Етнографија на вилаетите Адрианопол, Монастир и Салоника“, издадена во Константинопол во 1878 година и во која е дадена статистиката од 1873 година, Жабјани (Jabiani) е посочено како село со 16 домаќинства и 80 жители христијани.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија: Етнографија и статистика“) од 1900 година, Жабјани е населено од 50 жители христијани.

Во почетокот на ХХ век населението од селото било под управа на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Жабјани имало 56 егзархисти.

За време на турското ропство, во Жабјани имале чифлици некои Турци од Прилеп. Од нив земјата ја купиле браќата Алил, Јусуф и Абдула од Дебар, кои формирале три чифлици. Сестрата на браќата се омажила за Рушит, кој формирал четврти чифлик. По 1912 година жителите ја купиле земјата од чифликсајбиите.

Според пописот од 2002 година, во Жабјани живееле 56 жители од кои: 55 Македонци и 1 Србин.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc