Врпско на картата на Македонија.

Врпско

Врпско е мошне мало село, кое се наоѓа во североисточниот дел на територијата на прилепскиот дел на Мариово, од десната страна на Црна Река. Селото е ридско, на надморска височина од 800 метри. Од градот Прилеп населбата е оддалечена дури 51 км. Атарот зафаќа простор од 16 км2. На него пасиштата заземаат површина од 736,1 ха, на шумите отпаѓаат 658,1 ха, а на обработливото земјиште 165,6 ха. Селото има мешовита земјоделска функција. Поради својата периферна положба, Врпско и од порано било мала населба, која што денес е, речиси, раселена.

Во XIX век Врпско било село во Прилепската каза на Мариовската нахија на Османлиската империја. Во „Етнографија на вилаетите Адрианопол, Монастир и Салоника“, издадена во Константинопол во 1878 година и во која е дадена статистиката на машкото население од 1873 година, Врпско (Vrabsko) е посочено како село со 30 домаќинства и 118 жители христијани.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија: Етнографија и статистика“) од 1900 година, Врпско имало 230 жители, од кои 350 христијани и 10 Роми.

Во почетокот на ХХ век населението од селото било под управа на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на Егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Врпско имало 224 егзархисти и работело бугарско училиште.

За време на Балканската војна во 1912 година, еден жител од Врпско се вклучил како доброволец во Македонско-одринската доброволна чета.

Според Георги Трајчев, во Врпско имало 33 куќи со 360 жители христијани.

Според пописот од 2002 година, во Врпско повеќе нема жители.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc