Волково Село

Волково Село

Волково Село е сместено во јужниот дел на Република Македонија. Од Прилеп селото е оддалечено 6 км јужно. Волково Село се наоѓа на источниот обод на Пелагонија. Селото е сместено на североисточните падини на Селечка планина. Надморската висина на селото е приближно 780 метри. Климата во селото е планинска заради нагласената надморска висина.

Во XIX век Волково Село било село во Прилепската каза на Османлиската империја. Во „Етнографија на вилаетите Адрианопол, Монастир и Салоника“, издадена во Константинопол во 1878 година и во која е дадена статистиката на машкото население од 1873 година, Вълково Село (Valkovo-Sélo) е посочено како село со 25 домаќинства и 175 жители христијани.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија: Етнографија и статистика“) од 1900 година, Волкоо Село имало 98 жители, сите христијани.

Во почетокот на ХХ век населението од селото било под управа на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на Егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Волково Село имало 96 егзархисти.

За време на Балканската војна во 1912 година, двајца жители од Волково Село се вклучиле како доброволци во Македонско-одринските доброволци.

Според пописот од 2002 година селото има 42 жители, сите Македонци.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc