Атарот на село Воѓани.

Воѓани

Воѓани се наоѓа на северозападниот дел на Пелагонија, во општина Кривогаштани. Атарот на селото граничи со атарите на селата: Обршани на исток, Бела Црква на југ, Бучин и Пресил на запад и Крушеани на север.

Според народот се вели дека името на селото настанало од легендата дека околу ова место имало вода.

Првиот пишан помен за ова село е од периодот 1650-1750 година, кога се споменува под името Воднани. На крајот на XIX век, селото било дел од Битолската каза на Отоманската Империја. Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 160 жители христијани. Според податоците на бугарскиот публицист Димитар Мишев, селото имало 96 христијани.

Во почетокот на XX век во селото Воѓани живееле околу 160 жители. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 454 жители, од кои 452 Македонци, 1 Србин и 1 друг.

Во Воѓани е роден македонскиот војвода Ристо Тасев-Црниот (1858-1878).

Археолошки локалитети во близина на Воѓани:
* Манастириште – црква од непознат период;
* Селска Црква – населба од римско време;
* Тумба – населба од бронзено време.

Населението во Воѓани опаѓа. Една четвртина од жителите се иселени во Австралија, Америка, Германија, Италија, но и во градовите од Македонија: Прилеп, Битола, Скопје, Кичево, Крушево и др.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc