Слепче

Слепче

Слепче е сместено во средишниот дел на Република Македонија. Од Прилеп селото е оддалечено 28 км северно. Слепче се наоѓа во крајниот североисточн дел на Пелагонија. Селскиот атар на запад е рамничарски, без поголеми водотеци, додека источно од селото се издигнува планината Бабуна. Надморската висина на селото приближно е 700 метри. Климата во селото е континентална.

Во XIX век Слепче било село во Прилепската каза на Османлиската империја. Во „Етнографија на вилаетите Адрианопол, Монастир и Салоника“, издадена во Константинопол во 1878 година и во која е дадена статистиката на машкото население од 1873 година, Слепче (Sleptché) е посочено како село со 38 домаќинства и 200 жители христијани.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија: Етнографија и статистика“) од 1900 година, Слѣпче е населено од 420 жители христијани.

Целото село во почетокот на ХХ век било србоманско. Според податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Слепче имало 240 србомани и работело српско училиште.

На етничката карта на Северозападна Македонија од 1929 година, Атанасиј Селишчев го опишува Слепче като бугароманско село.

Според пописот од 2002 година Слепче има 68 жители – 67 Македонци и 1 Србин.

Во Слепче се родени:
Никола Атанасов-Секирата, македонски револуционер од ВМОРО, четник при Никола Русински во 1903 година;
Перо Миленковски (р. 1939), детски писател.

1 коментар

  • cane March 21, 2014

    neznaeme stose no vo sekoja kuca ima kapi sajkarki kolku sakas

    Respond

Коментирај

© 2011/12 dbmc