Сенокос

Сенокос

Сенокос се наоѓа во средишниот дел на Прилепското Поле, на 11 километри одалеченост од градот Прилеп. Селото е рамничарско на надморска височина од 623 метри. Сенокос има полојделска функција и најмногу се одгледуваат тутунот и житните култури (пченица,јачмен и рж). Соседни населби се: Мало Мраморани, Долнени, Новоселани и др.

Во XIX век Сенокос било село во Прилепската каза на Османлиската империја. Црквата „Свети Атанасиј“ датира од 1874 година. Во „Етнографија на вилаетите Адрианопол, Монастир и Салоника“, издадена во Константинопол во 1878 година и во која е дадена статистиката на машкото население од 1873 година, Сенокос (Sénokos) е посочено како село со 35 домаќинства и 133 жители христијани.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија: Етнографија и статистика“) од 1900 година, Сѣнокосъ е населено со 280 жители, сите христијани.

Во почетокот на ХХ век жителите на селото биле под управа на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на Егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Сјанокос (Sianokos) имало 176 егзархисти.

Сенокос има 320 жители, сите Македонци. Во селото работи основно училиште до IV одделение, а во Сенокос има и железничка станица. Во Сенокос постои фудбалски клуб „Црвена ѕвезда“.

Во Сенокос се родени:
Андреј (Андреја) Алексов, македонско-одрински доброволец, 20-годишен, ѕидар, 4 чета на 4 битолска дружина;
Петар Алексов, македонско-одрински доброволец, 28-годишен, работник, 2 чета на 4 битолска дружина.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc