Сателитска снимка на Секирци

Секирци

Секирци е сместено во Прилепското поле, северозападно од Прилеп на надморска височина од 611 метри.

Во „Етнографија на вилаетите Адрианопол, Монастир и Салоника“, издадена во Константинопол во 1878 година и според пребројувањето на машкото население од 1873 година, Секирци (Sékirtzi) е посочено како село со 41 домаќинства и 166 жители христијани.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македониja: Етнографиja и статистика“) оd 1900 година, Сѣкирци имало 480 жители христијани и 12 цигани.

Во почетокот на XX век, Секирци било под вдахновение на Цариградската Патријаршија. Според податоците на секретарот на Егзархијата, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Секирци (Sekirtzi) имало 480 христијани патријаршисти – србомани.

Според пребројувањето од 2002 година селото има 302 жители.

Најстари родови во Секирци се Пројковци, Дубревци, Петревци и Спасевци. За време на турското ропство, Секирци било рајатско село, а потоа кон крајот на XIX век насилно биле формирани три чифлици од арнаутите Асан, Амзо и Решид од соседното село Црнилиште.

На 10 март 1903 година, во околината на Браилово, затекнати од турските зулумчари во својата нива заклани се таткото и синот Тренко Богданов и Милош Тренков од Секирци. Крвниците уживајќи во овој ужасен чин, прво го заклале синот пред очите на таткото а потоа и таткото.

За време на Балканските војни од Секирци имало двајца доброволци во Македонско-Одринското ополчение кои служеле во 3-та чета на 4-та битолска дружина, Петар Баџов (22 години) и Петар Божинов (27 години) загинат при битката за градот Шаркој (Турција) на 8 февруари 1913 година.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc