Сушење на тутун во Сарандиново.

Сарандиново

Сарандиново е село во општина Долнени, кое е расположено во Прилепското поле, северозападно од градот Прилеп.

Во XIX век Сарандиново било село во Прилепската каза на Османлиската империја. Во „Етнографија на вилаетите Адрианопол, Монастир и Салоника“, која е издадена во Константинопол во 1878 година и во која е даддена статистиката на машкото население од 1873 година, Сарандиново (Sarandinovo) е посочено како село со 22 домаќинства и 85 жители христијани.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија: Етнографија и статистика“) од 1900 година, Сарандиново е населено од 120 жители христијани.

Во почетокот на ХХ век населението од селото било под управа на Бугарската егзархија. според податоците на секретарот на Егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Сарандиново имало 128 егзархисти и функционирало бугарско училиште.

Според пописот од 2002 година, Сарандиново има 98 жители Македонци.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc