2011. Ропотово...

Ропотово

Ропотово е село во општина Долнени, сместено во Прилепско поле, северозападно од Прилеп.

Во „Етнографија на вилаетите Адрианопол, Монастир и Салоника“, издадена во Константинопол во 1878 година и според пребројувањето на машкото население од 1873 година, Ропотово (Ropotovo) е посочено како село со 27 домаќинства, 109 жители христијани и 10 Цигани.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македониja: Етнографиja и статистика“) оd 1900 година, Ропотово имало 196 жители христијани и 10 Цигани.

Во почетокот на XX век, Ропотово било егзархиско село. Според податоците на секретарот на Егзархијата, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Ропотово имало 128 христијани егзархисти.

Според етничката карта на Северозападна Македонија според рускиот славист Афанасиј Селишчев (Афанасий Селищев) од 1929 година, Ропотово е посочено како мешано „Бугаро-Циганско“ село.

Пописните податоци по ослободувањето:
Попис 1948: 714 жители
Попис 1953: 850 жители
Попис 1961: 824 жители
Попис 1971: 822 жители
Попис 1981: 780 жители
Попис 1991: 617 жители
Попис 1994: 597 жители
Попис 2002: 545 Македонци и 1 Србин

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc