Присадскиот манастир „Свети Георгиј“

Присад

Присад е расположено во планината Бабуна, над градот Прилеп, североисточно од него. Во близината на селото е Присадскиот манастир во чест на „Свети Георгиј“.

Во XIX век Присад било село во Прилепската каза на Османлиската империја. Во „Етнографија на вилаетите Адрианопол, Монастир и Салоника“, издадена во Константинопол во 1878 година и во која е дадена статистиката на машкото население од 1873 година, Присад (Prissad) е посочено како село со 23 домаќинства и 112 жители христијани.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија: Етнографија и статистика“) од 1900 година, Присадъ има 350 жители, сите христијани.

Во почетокот на ХХ век населението од селото било под управа на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на Егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Присад имало 240 егзархисти и работело бугарско училиште.

Според пописот од 2002 година, селото има 5 жители, сите Македонци.

Во Присад се родени револуционерите на ВМРО: Симон (непознато презиме) и Стефан К‘пот (?-1904), прилепски војвода, убиен од србоманскиот војвода Григор Соколов во Присад.

_____________________________________________________________

Политика
21 ноември 1934 година

ЗАГРАД И ЗАГРАДЧАНИ

„… Со пошумените падини Присад е целиот опкружен со честар. Просторот над селото се брани од стока а местата кои се користат за испаша се ретки, така што селаните се принудени да го користат тесниот простор покрај шумата.
Селата во Заград живеат полуградски живот. Прилеп си го направил своето во поглед на носијата, јадењето и животот на село.
Куќите се почисти, собите како-така се послани, се спие на постела со јоргани и јамболии…“

Гр. Божовиќ

1 коментар

  • Горан Василески September 22, 2014

    Селото Присад е три пати преместувано, односно преселувано. Најстарото место каде било ова село, се наоѓа неколку десетици метри јужно од денешниот присадски манастир св.Ѓорѓија. На тоа место живеалиштата биле вкопувани во земјата, еден вид земјаници, затоа и местото денес го нарекуваат Копач. Тоа место секогаш било мета на качачките банди кои пустошеле, палеле, краде и колеле. Затоа селото се преместило западно од тоа место, под ридот Стена, на местото викано Старо Село. На тоа место и денес стојат како спомен тогашните гробишта. Со доаѓањето на турците селото повторно претрпело големи штети, па било приморано и втор пат да се пресели. Овој пат позади ридот Стена. Денес тоа се нарекува Стар Присад, иако таму се останати само рушевини од куќите кои после 1945 биле масовно напуштани. Во Стар Присад денес постои само селската црква св.Атанасија каде се собирааат сите присаѓани за празникот летен св.Атанас (15.05.) . Од Стар Присад селаните се преселиле на местото на денешното село Присад, тоа било од многу причини. Официјално од 1955-60 почнале присаѓани да се преселуваат и во градот Прилеп. Денес нажалост непостојат постојани жители во ова село, но сепак многуте викенд куќи, летно време го враќаат сјајот на селото.

    Respond

Коментирај

© 2011/12 dbmc