Куќа во Прилепец

Прилепец

Прилепец

Вo „Етнографијата на вилаетите Адрианопол, Монастир и Салоника“, издадена во Константинопол во 1878 година, според статистиката врз машкото население од 1873 година, Прилепец (Prilépetz) е посочено како село со 66 жители христијани.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија: Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Прилѣпецъ имало 140 жители христијани.

Во почетокот од 20 век, Прилепец било егзархиско село. Според податоците на секретарот на Егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Прилепец имало 176 христијани егзархисти.

Во 1953 година биле попишани 186 жители.

Според пописите од 2002 година, во Прилепец имало 9 жители.

Во летото 1913 година, во близина на Прилепец, четата на војводата Ангел Богев Џанов водела борби против српските сили, но од двете страни нема податоци за можни жртви.

Во близина на манастирот во Прилепец, на 19 Декември 1942 година, откако биле предадени во борба против бугарската војска и полиција, загинаа деветмина борци на партизанскиот одред „Ѓорче Петров“:

1. Киро Фетак
2. Борка Спасески – Влачарот к-дир на одредот
3. Стеван Базеркоски
4. Стеван Димески
5. Димче Митрески
6. Гога Јанкулоски
7. Трајче Најдески – Соколе
8. Бошко Јосифоски
9. Менде Бошкоски

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc