Подмол

Подмол

Подмол е сместено во јужниот дел на Република Македонија. Од Прилеп селото е оддалечено 25 км јужно.

Подмол се наоѓа во средишниот дел на Пелагонија. Селото е сместено во источниот дел на полето. Источно од нега се издигнува Селечка планина. Надморската висина на селото е приближно 680 метри. Климата во селото е континентална.

Во XIX век Подмол било село во Битолската каза на Османлиската империја. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија: Етнографија и статистика“) од 1900 година, Подмолъ имало 250 жители, сите христијани.

Во почетокот на ХХ век населението од селото било под управа на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на Егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Подмол имало 208 егзархисти и работело бугарско училиште.

Според пописот од 2002 година селото има 138 жители, сите Македонци.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc