Писокал, 1917...

Писокал

Писокал е поранешно село во јужниот дел на Република Македонија, на територијата на општина Прилеп.

Селото било расположено на преминот меѓу Дрен планина од север и Селечка планина од југ, меѓу селата Бонче и Кален.

Во XIX век Писокал било мало село во Прилепската каза на Османлиската империја. Во „Етнографија на вилаетите Адрианопол, Монастир и Салоника“, издадена во Константинопол во 1878 година и во која е дадена статистиката на машкото население од 1873 година, Писукал (Pissoukal) е посочено како село со 9 домаќинства и 46 жители.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија: Етнографија и статистика“) од 1900 година, Писокал имало 80 жители, сите христијани.

Во почетокот на ХХ век населението на селото било под управа на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на Егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Писокал (Pissokal) имало 32 егзархисти.

Во ХХ век во месноста Писокал е изградена црквата „Свети Илија“.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc