Пешталево

Пешталево

Пешталево е село во северниот дел на Прилепско поле, на околу 5 километри западно од општинскиот центар Долнени.

Во XIX век Пешталево било дел од Прилепската каза на Османлиската империја. Во „Етнографија на вилаетите Адрианопол, Монастир и Салоника“, издадена во Константинопол во 1878 година и во која е дадена статистиката на машкото население од 1873 година, Пешталево (Peschtalévo) е посочено како село со 53 домаќинства и 136 жители муслимани и 83 христијани.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија: Етнографија и статистика“) од 1900 година, Пешталево е населено од 320 жители муслимани.

Според статистиката од 2002 година, во Пешталево живеат:

Македонци – 280;
Албанци* – 144;
Турци* – 44;
Срби – 1;
Бошњаци – 12;
останати – 5.

* Жителите кои се изјасниле како Турци или Албанци всушност се Македонци муслимани, но поради политичко-религиски причини се изјасниле како такви.

Во Пешталево е роден Трајко С. Војнески, македонски поет.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc