Мелничкиот манастир околу 1930 година.

Мелница

Мелница било село во областа Мариово, јужно од општинскиот центар Прилеп, на двата брега од реката Бутурица. Покрај селото се наоѓа Мелничкиот манастир „Свети Илија“, изграден во 1872 година.

Во XIX век Мелница било мало село во Прилепската каза, Мариовска нахија на Османлиската империја. Во „Етнографија на вилаетите Адрианопол, Монастир и Салоника“, издадена во Константинопол во 1878 година и во која е дадена статистиката на машкото население од 1873 година, Мелница (Melnitza) е посочено како село со 137 домаќинства, од кои 548 жители христијани и 14 Роми.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија: Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Мелница живееле 94 христијани.

Во почетокот на ХХ век христијанското население од селото било под управа на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на Егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Мелница (Melnitza) имало 72 егзархисти.

Според Георги Трајчев, во 1860 година селото броело 50 куќи, а во 1900 – 10 до 12.
По зачестените андартски напади селото сосема се испустило.

Во Мелница е роден македонскиот раскажувач и романсиер Стале Попов.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc