Мало Мраморани на општинската карта.

Мало Мраморани

Мало Мраморани се наоѓа во јужното подножје на планината Бабуна, на околу 4 километри источно од општинскиот центар Долнени.

Во XIX век Мало Мраморани било село во Прилепската каза на Османлиската империја. Во „Етнографија на вилаетите Адрианопол, Монастир и Салоника”, издадена во Константинопол во 1878 година и во која е дадена статистиката на машкото население од 1873 година, Мало Мраморани (Mramorani malo) е посочено како село со 11 домаќинства 44 жители христијани.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија: Етнографија и статистика“) од 1900 година, Долно (Мало) Мраморани е населено од 55 жители христијани.

Во почетокот на ХХ век целото население од селото било под управа на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на Егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Малко Мраморани (Malko-Mramorani) имало 48 егзархисти.

При избувнувањето на Балканската војна во 1912 година, еден човек од Мало Мраморани бил доброволец во Македонско-одринската доброволна чета.

Во Мало Мраморани е роден Богдан Иванчев (Јованчев, 1883 – ?), македонско-одрински доброволец, Нестроева чета на 4 битолска дружина.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc