Зимска идила во Мало Коњари.

Мало Коњари

Мало Коњари е рамничарско село, сместено во Прилепско поле. Селото се наоѓа западно од градот Прилеп. Покрај селото поминува регионалниот пат R516 Прилеп-Крушево-Сладуево.

Во XIX век Мало Коњари било село во Прилепската каза на Османлиската империја. Во „Етнографија на вилаетите Адрианопол, Монастир и Салоника“, издадена во Константинопол во 1878 година и во која е дадена статистиката на машкото население од 1873 година, Мало Коњаре (Malokonaré) посочено е како село со 42 домаќинства со 201 жители христијани. Истата година свештеникот Константин од Прилеп раководи со градбата на црквата во селото.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија: Етнографија и статистика“) од 1900 година, Којнари Мало имало 340 жители, сите христијани.

Во почетокот на ХХ век населението од селото било под управа на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на Егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година вo Малко Конјаре имало 240 егзархисти и функционирало бугарско училиште.

Според пописот од 2002 година, селото Мало Коњари брои 727 жители, од кои: Македонци 723, Срби 2 и останати 2.

Во Мало Коњари родени се: Мирчо Најденов (1881-1917), прилепски војвода на ВМОРО. Можно е да е роден и во 1878 година во селото Мажучиште; како и Фидан Најденов-Форцата (1879-?), македонски револуционер од ВМОРО, четник меѓу 1904-1908 година.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc