Селани од Лопатица...

Лопатица

Лопатица се наоѓа на крајниот југоисточен дел на Прилепското Поле. Населбата е ридска, на надморска височина од 750 метри. Од градот Прилеп населбата е оддалечена 35 км. Атарот на селото зафаќа простор од 16,5 км2. Селото има полјоделско-сточарска функција.

Во XIX век Лопатица било село во Битолска каза на Османлиската империја.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија: Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Лопатица имало 210 жители, сите христијани.

Во почетокот на ХХ век, населението од селото било под управа на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на Егзархијата, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Лопатица имало 200 егзархисти.

Според пописот од 1961 година, во Лопатица имало 410 жители, во 1994 бројот се намалил дури на 80, а во 2002 година во лопатица живееле само 41 жител, сите Македонци.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc