Народна носија од село Локвени.

Локвени

Локвени во XIX век било дел од Прилепска каза на Османлиската империја. Во „Етнографија на вилаетите Адрианопол, Монастир и Салоника“, издадена во Константинопол во 1878 година, во која е дадена статистиката на машкото население од 1873 година, Локвени (Lokvéni) е посочено како село с 9 домаќинства и 38 жители „Бугари“.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија: Етнографија и статистика“) од 1900 година, Локвени е населено од 70 жители „Бугари“ христијани.

Во почетокот на ХХ век, целото население од селото е под управа на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на Егзархијата, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Локвени (Lokveni) имало 48 „Бугари егзархисти“.

По Меѓусојузничката војна во 1913 година, селото потпаѓа под српска власт.

Локвени е рамничарско село, на надморска височина од 625 метри. Атарот е мал и зафаќа простор од 5,3 км2. На него шумите зафаќаат површина од 364 ха, на обработливо земјиште отпаѓаат 263 ха, а на пасиштата само 79 ха. Селото, во основа, има полјоделска функција.

Според пописните податоци, во 1961 година во Локвени имало 259 жители, во 1994 година 191 жител, од кои само 35 се декларирале како Македонци, а 156 како – други!

Според пописот од 2002 година, во Локвени живееле 178 жители, од кои 28 Македонци, 2 Роми, 143 Бошњаци и 1 останат.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc