Иконостасот од селската црква во Кореница.

Кореница

Кореница денес се наоѓа во општина Кривогаштани. Селото е рамничарско и се наоѓа во Пелагонија. Кореница е одделечено 20 километри од Прилеп.

Во XIX век Кореница било село во Прилепската каза на Османлиската империја. Во „Етнографија на вилаетите Адрианопол, Монастир и Салоника“, издадена во Константинопол во 1878 година и во која е дадена статистиката на машкото население од 1873 година, Кореница (Korénitza) е посочено како село со 20 домаќинства и 92 жители христијани. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија: Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кореница имало 105 жители, сите христијани.

Во почетокот на ХХ век жителите на селото биле под управа на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на Егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Кореница имало 104 христијани.

Според пописот од 2002 година, во селото Кореница живеат 62 жители, сите Македонци.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc