Девојки во народна носија од село Кокре, 1955 година.

Кокре

Кокре се наоѓа во пазувите на планината Дрен, во крајниот североисточен дел на Витолиште, во областа Мариово.

Селото е ридско, на надморска височина од 720 метри. Атарот е релативно голем и зафаќа простор од 21,6 км2. На него преовладуваат пасишта, обработливо земјиште и шуми. Селото има полјоделско-сточарска функција.

В XIX век Кокре било село во Прилепската каза, Мариовска нахија на Османлиската империја. Во „Етнографија на вилаетите Адрианопол, Монастир и Салоника“, издадена во Константинопол во 1878 година, во која е дадена статистиката на машкото население од 1873 година, Кокре (Kokré) е посочено како село со 46 домаќинства и 223 жители.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија: Етнографија и статистика“) од 1900 година, Кокре имало 466 жители, сите христијани.

Во почетокот на XX век, населениете од селото било под управа на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на Егзархијата, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Кокре имало 400 егзархисти.

Според Георги Трајчев, Кокре имало 56 куќи со 446 жители.

Според пописот од 1961 година, во Кокре имало 266 жители, во 1994 – 16, а во 2002 само 7 жители.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc