Сателитска снимка на Канатларци...

Канатларци

Канатларци во XIX век се спомнува како село во Прилепската каза на Османлиската империја. Во книгата „Етнографија на вилаетите Адрианопол, Монастир и Салоника“, издадена во Константинопол во 1878 година, во која се говори за статистиката на машкото население од 1873 година, Канатларци (Kanatlartzi) е посочено како село со 116 домаќинства, со 388 жители муслимани, 153 христијани и 43 Роми.

Според статистиката на Васил К‘нчов во книгата „Македонија: Етнографија и статистика“ од 1900 година, во Канатларци имало 915 жители, од кои 55 христијани, 840 муслимани (Турци) и 20 Роми.

Во почетокот на XX век, селото е под управа на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на Егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година, во Канатларци имало 55 „Бугари“ – егзархисти и работело „бугарско“ училиште.

Според Димитар Гаџанов, во 1916 година во Канатларци живееле 1110 Турци. Во 1961 година селото броело 1523 жители, од кои 916 биле Турци, 575 Македонци, 6 Срби и 18 муслимани. Во 1994 година Канатларци имало 990 жители, а во 2002 – 972.

Канатларци е рамничарско село, на надморска височина од 620 метри. Од Прилеп е оддалечено околу 24 км. Атарот има средна големина и зафаќа простор од 21,6 км2. Селото има полјоделска функција. Во него работи осумгодишно училиште, има амбуланта, пошта, земјоделска задруга и услужни објекти.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc