Почеток на минатиот век: Жители на Годивје сликани пред селски дуќан.

Годивје

Годивје (старо име Годивле) е село во Општина Кривогаштани, во околината на градот Прилеп.

Годивје е рамничарско село, кое се наоѓа во Пелагонија. Селото е во рамките на Општина Кривогаштани, неколку километри источно од Крушево.

На крајот на XIX век, селото било дел од Прилепската каза на Отоманската Империја. Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 244 жители христијани Македонци. Според податоците на бугарскиот публицист Димитар Мишев, селото имало 144 христијани Македонци.

Во почетокот на XX век во селото Годивје живееле околу 244 жители. Според пописот од 2002 година, во селото Годивје живеат 166 жители, од кои 165 Македонци и 1 Србин.

Со избувнувањето на Балканските војни од Годивје се споменува еден доброволец во Македонско-одринското ополчение

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc