Дуње

Дуње

Дуње се наоѓа на северозападната страна на прилепскиот дел на областа Мариово, во рамките на Општина Витолиште. Селото е ридско, на надморска височина од 690 метри.

Од градот Прилеп населбата е оддалечена 29 км. Атарот е мошне голем и зафаќа простор од 43,8 км2. Ha него пасиштата заземаат површина од 2.487 ха, на обработливото земјиште отпаѓаат 1.339,1 ха, а на шумите само 15,6 ха. Селото има полјоделско-сточарска функција.

Вo XIX век Дуње било големо село во Прилепската каза, Мариовска нахија на Османлиската империја. Во „Етнографија на вилаетите Адрианопол, Монастир и Салоника“, издадена во Константинопол во 1878 година и во која е дадена статистиката на машкото население од 1873 година, Дуни (Douni) е посочено како село со 125 домаќинства и 515 жители христијани и 8 Роми.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија: Етнографија и статистика“) од 1900 година, Дуйнье има 1224 жители, од кои 1200 христијани и 24 Роми.

Во почетокот на ХХ век населението од селото било под управа на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Дуње имало 1024 егзархисти и работело бугарско училиште.

При избувнувањето на Балканската војна во 1912 година, тројца селани биле доброволци во Македонско-одринската доброволна чета.

Во 1918 година, Петар Карчев, кореспондент на Четвртата пешадиска преславска дивизија, сместена во Мариово, пишува:

„ Крушевица и Дуње даваат целосна претстава за големата сиромаштија во Мариовската област. Овие места даваат, според мене, идеја и за најбедниот начин на живот, кој можеше да се сретне во тие години во Македонија. Животот на селаните наликуваше на еден од најзаостанатите човечки животи на Балканот. Можеби само некои најоддалечени места во Албанија можеа да се споредуваат со Мариово по својата примитивност и бедност. Куќите беа камени и претставуваа еднособни простории со едно големо огниште…“

Според Георги Трајчев, Дуње имало 138 куќи со 1224 жители.

Во Дуње работи основно училиште до IV одделение, има пошта, земјоделска задруга и продавница. Како, впрочем, од многу села во Мариово, така и од Дуње се иселил значителен број од населението. Според податоците од 2002 година, во Дуње живеат 77 жители – Македонци.

Во Дуње се родени македонските револуционери Анте Дуњски и Стојан Димов.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc