2011: Патот кон Дабница...

Дабница

Дабница се наоѓа североисточно од Прилеп, на оддалеченост од околу 7 километри. Селото е ридско, на надморска височина од 605 метри. Атарот има средна големина и зафаќа простор од 16,8 км2. Селото има полјоделско-сточарска функција.

Во XIX век Дабница било село вo Прилепскатa каза на Османлиската империја. Во „Етнографија на вилаетите Адрианопол, Монастир и Салоника“, издадена во Константинопол во 1878 година, во која е дадена статистиката на машкото население од 1873 година, Дабница (Dabitza) е посочено како село со 29 домаќинства и 124 жители.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија: Етнографија и статистика“) од 1900 година, Дабница има 220 жители, сите христијани.

Во почетокот на ХХ век, населението на селото било под управа на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на Егзархијата, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во „Дабнища“ имало 280 егзархисти и работело „бугарско“ училиште.

При избувнувањето на Балканската војна во 1912 година, еден човек од Дабница бил доброволец во Македонско-одринското ополчение. По Меѓусојузничката војна во 1913 година, селото било под окупација на Србија.

Според пописните податоци од 1961 година, селото броело 117 жители, во 1994 – 13, а според податоците од 2002 година, во Дабница имало 66 жители, од кои 9 Македонци, 3 Турци и 54 Роми.

Во Дабница се родени Рампо Левката, Спиро Црнев и основачот на Тимочката епархија во Српската Православна Црква, епископот Доситеј Новаковиќ.

Во Дабница е убиен србоманскиот војвода Глигор Соколов(иќ).

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc