Дабјани на општинската карта.

Дабјани

Дабјани е поранешно село во општина Долнени. Расположено е во Прилепското поле, северозападно од градот Прилеп.

Во XIX век Дабјани било село во Прилепската каза на Османлиската империја. Во „Етнография на вилаетите Адрианопол, Монастир и Салоника“, издадена во Константинопол во 1878 година и во која е дадена статистиката на машкото население од 1873 година, Дъбяни (Dabiani) е посочено како село со 19 домаќинства и 87 жители христијани.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија: Етнографија и статистика“) од 1900 година, Дабјани е населено од 130 жители христијани.

Во почетокот на ХХ век целото население од селото било под управа на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на Егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Дабјани имало 56 егзархисти.

Според пописот од 2002 година, Дабјани е село без жители.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc