1946 година... Чумово...

Чумово

Чумово е потпланинско село, кое се наоѓа југоисточно од Прилеп.

Селото е од збиен тип и се дели на Долно и Горно маало. Сродните куќи се блиску една до друга, така што помалите делови на селото носат родовски имиња: Писокалци, Џинговци и т.н.

Пред крајот на турското владеење во селото имало три чифлизи: Два турски и еден „каурски“. Сопствениците на чифлизите биле: Мамут бег, Голосабја и рисјанинот Мино.

Во „Етнографија на вилаетите Адрианопол, Монастир и Салоника“, издадена во Константинопол во 1878 година и според пребројувањето на машкото население од 1873 година, Чумово (Tchoumovo) е посочено како село со 15 домаќинства и 67 жители христијани.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македониja: Етнографиja и статистика“) от 1900 година, Чумово имало 80 жители христијани.

Во почетокот од 20 век, Чумово било егзархиско село. Според податоците на секретарот на Егзархијата, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Чумово имало 96 христијани егзархисти.

Според пребројувањето од 2002 година селото има 17 жители.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc