Новото училиште во Чепигово.

Чепигово

Чепигово е сместено во јужниот дел на Македоније. Од Прилеп селото е оддалечено 20 км југозападно.

Чепигово се наоѓа во средишниот дел на Пелагонија. Селото е сместено во средишниот дел на полето, а најблиска планина е Селечка планина, 15 километри источно. Јужно од селото течи Црна река. Надморската висина на селото е приближно 600 метри. Климата во селото е континентална.

Во XIX век Чепигово било мало село во Прилепската каза на Османлиската империја. Во „Етнографија на вилаетите Адрианопол, Монастир и Салоника“, издадена во Константинопол во 1878 година и во која е дадена статистиката на машкото население од 1873, година, Чипигово (Tchipigovo) е посочено како село со 12 домаќинства и 52 жители христијани.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија: Етнографија и статистика“) од 1900 година, Чепигово има 73 жители, сите христијани.

Во почетокот на ХХ век населението од селото било под управа на Бугарската егзархија. според податоците на секретарот на Егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Чепигово имало 80 егзархисти.

Според Димитар Гаџанов, во 1916 година во Чепигово живееле 6 Турци.

Според пописот од 2002 година селото има 162 жители, од кои 160 Македонци и двајца останати.

Во Чепигово починал Спасо Павловиќ, четничкиот србомански војвода.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc