Браилово

Браилово

Браилово се наоѓа во Прилепското поле, северно од градот Прилеп. Тука има станица на железничката линија Велес – Прилеп – Битола.

Во атарот на Браилово, во месноста Бојоица и селските гробишта има доцноантички некрополи, во месноста Петочна вода (Петочна Вода) – елинистички и римски некрополи, а во месноста Тумба – римски и доцноантички некрополи. Покрај манастирот „Свети Илија“ има раннохристијанска базилика.

Во XIX век Браилово било дел од Прилепската каза на Османлиската империја. Во „Етнографија на вилаетите Адрианопол, Монастир и Салоника”, издадена во Константинопол во 1878 година и во која е дадена статистиката на машкото население од 1873 година, Браилово (Braïlovo) е посочено како село со 44 домаќинства и 28 жители муслимани, 150 христијани и 3 Роми.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија: Етнографија и статистика“) од 1900 година, Браилово било населено од 100 жители христијани и 250 муслимани.

Во почетокот на ХХ век целото население на селото било под управа на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на Егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година Браилово (Braïlovo) е посочено два пати – еднаш како село со 64, а вториот пат како село со 80 жители егзархисти.

По Меѓусојузничката војна во 1913 година селото е окупирано од српската војска.

Според пописот од 2002 година, во Браилово живееле 227 жители, од кои 225 Македонци и 2 Срби.

Нема Коментари

Коментирај

© 2011/12 dbmc